Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека сите четворица европски лидери кои се во посета на Киев ја поддржуваат идејата на Украина да ѝ се додели кандидатски статус за членство во Европска Унија.
Тој додаде и дека Франција ќе ја интензивира испораката на оружје за Украина.
Макрон е во посета на Киев заедно со германскиот канцелар Олаф Шолц, италијанскиот премиер Марио Драги и романскиот претседател Клаус Јоханис.
Извор: МИА