Зголемен бројот на македонските туристи на албанското крајбрежје

Од:

Македонските граѓани и ова лето го запоседнаа албанското крајбрежје. Летниот одмор досега во Албанија го минале околу 40 илјади македонски граѓани.

Најмногу се одлучуваат да летуваат во Драч, но се попривлечни се и Валона, Саранда, Каваја, Шенѓин, па и бисерот на албанскиот брег Химара. Освен етничките Албанци, кои се и најбројни, на одмор во Албанија се почесто заминуваат и Македонците. Најмногу ги има од Дебар, Гостивар,Тетово, Кумано, но и од Битола, Охрид, Скопје…

Дебарчани сепак поради бизината секое лето најбројни се во Шенѓин, каде што климатските услови се идентични со тие во црногорски Улцињ. Сместено е во близина на градот Лежа, сега со нови хотели, ресторани, кафулиња, пицерии, воопшто не потсетува на некогашното, каде што имаше само едно, и тоа, работничко одморалиште. Од ова лето има и шеталиште долго два километра.

– Веќе три години едноподруго доаѓаме тука. Задоволни сме и од сместувањето, од гостопримството на локалното население, од понудата на пазарот. Водата е богата со јод и е многу лековита, вели Зирака Перовска.

Од граничниот премин Блато, на македонско-албанската граница кај Дебар, Шенѓин е оддалечен 140 километри, дел од патот е со оштетувања, но со завршување на изградбата на автопатот „Руга е Арбрит“ (Патот на Арбр) оддалеченоста ќе биде намалена, а патувањето поудобно.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Албанија

Горан Наумовски

УЕФА ја казни Албанија

(ВИДЕО) Уапсен полицаец од Албанија осомничен за низа кривични дела

Горан Наумовски

Северна Македонија ѝ го предаде на Албанија претседавањето со ПСЈИЕ

A1on

Албанското обвинителство бара 93 години затвор за шверцери на кокаин

Албанците од Косово, Македонија и Црна Гора нема да полагаат познавање на албанскиот јазик при добивање државјанство