Илјадници цивили се заглавени во Северодонецк

Од:

Илјадници цивили се заробени во Северодонецк, додека основните резерви се при крај, предупредуваат Обединетите нации.

Многу од нив се засолнети во бункери под градската хемиска фабрика Азот.

Последниот мост што води надвор од градот беше уништен во борбите претходно оваа недела – практично заробувајќи ги неговите 12.000 преостанати жители внатре.

Zаземањето на Северодонецк e главна воена цел за Русија, која сега го контролира поголемиот дел од градот.

„Недостатокот на вода и санитарни услови е голема грижа. Тоа е огромна грижа за нас бидејќи луѓето не можат долго да преживеат без вода“, изјави портпаролот на канцеларијата за хуманитарни прашања на ОН, Савијано Абреу за Би-Би-Си.

ОН се надеваат дека ќе обезбедат помош за заробените во градот, но продолжувањето на борбите значи дека не можат да добијат пристап или гаранции за безбедно да стигнат до цивилите кои сè уште се таму, вклучувајќи жени, деца и постари лица.

Предупредувањето следеше по руските ветувања дека биде ќе отворен хуманитарен коридор за евакуација на цивилите заробени под централата Азот.

Но, досега нема потврда дека планираната безбедна рута – која би ги евакуирала цивилите на територијата под руска контрола на северот на градот – всушност била реализирана.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русите ја зазедоа Михаиловка

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ