Двајца американски државјани, Роберт Друки и Енди Хју, кои се бореле за Украина, биле заробени од руските сили минатата недела на периферијата на Харков, пренесува Дејли Меил.
Во извештајот на британските медиуми се наведува дека Друки (39) и Хујн (27) се од Алабама, но не е јасно дали се познавале пред доброволно да отпатуваат во Украина за да помогнат во борбата против руските сили.
Двајцата како членови на десетчлениот одред што го бранеше Харков, минатата недела паднале во руска заседа, потврдил еден од нивните пријатели.
„Бевме на мисија и имавме лоши информации. Русите дојдоа со два тенкови Т72, неколку БМП3 (оклопни борбени возила) и околу 100 пешадија. Ги чекаше само нашиот десетчлен одред“, рекол неименуван борец.
Според него, Друки и Хујн онеспособиле еден руски тенк со граната, но се изгубиле во маглата на возвратниот оган.
Кога чадот стивна, ги немаше, сведочеше соборец на исчезнатите Американци.
Семејствата на двајцата Американци потврдија дека немале контакт со нив со денови.