Германскиот Бундесвер по 10 години се враќа во мисијата на ЕУ во БиХ- Алтеа

Од:

Германската влада одлучи Бундесверот повторно да учествува во мисијата на ЕУ за стабилизација на БиХ – Еуфор Алтеа.

По десет години германските војници ќе се вратат во БиХ, во мисијата во која учествуваа од 2004 до 2012 година.

Одлуката за испраќање војници во мисијата Еуфор Алтеа допрва треба да биде одобрена од Бундестагот.

Доколку Бундестагот го одобри учеството во мисијата, што е несомнено, првите 25 германски војници ќе бидат испратени во БиХ во август.

Потоа во Еуфор ќе бидат испратени до 50 војници, а нивниот мандат е ограничен до крајот на јуни 2023 година.

Мисијата на ЕУ – Еуфор Алтеа има мандат да се грижи за безбедноста и да дава поддршка во почитувањето на Дејтонскиот договор.

Моментално во мисијата на ЕУ учествуваат околу 2.000 војници од повеќе од 20 земји, а моментално со нив командува австрискиот генерал-мајор Антон Весели.

Многу западни земји, како и Германија, се загрижени дека БиХ може да биде дестабилизирана поради војната во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници