Грчкото МНР одреди специјален претставник на Министерството за Западен Балкан

Од:

Министерството за надворешни работи на Грција, по одлука на шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, одреди специјален претставник за Западен Балкан, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР соопштија дека Дендиас, „кој во изминатите седмици беше во Тирана, Скопје, Сараево, Белград, Подгорица и Приштина одлучи да назначи специјален пратеник на Министерството за Западен Балкан”.

Амбасадорката на Грција во Букурешт Софиа Грамата ќе биде специјалната претставничка на грчкото МНР за Западен Балкан, а паралелно ќе ги извршува и актуелните должности.

-Грција придава примарно значење во консолидацијата на мирот, безбедноста и стабилноста во поширокиот регион на Западен Балкан. Во овој контекст, промовира консолидација на билатералните односи врз основа на почитување на меѓународното право, меѓународното право на морето и активно ја поддржува нивната европска перспектива, соопштија од грчкото МНР.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Силен земјотрес во Грција