Вооружена престрелка поради долг во Скопје

Од:

Вчера околу 18 часот на улицата „Алија Авдовиќ“ во Скопје по расправија околу долг неколку лица вооружено се пресметале. Како што пријавил Е.К. со огнено оружје било пукано кон неговиот внук О.А. (25).

По разговорот со О.А. се открило дека непосредно пред настанот, истиот имал вербална расправија со браќата Б.И. (24) и Ш.И. (29) од село Арачиново, во врска со долг кој што го имал братот на О.А.

Со намера да избегне поголем инцидент О.А. со своето возило се одалечил од местото на настанот, но кога го паркирал возилото на ул.„Алија Авдовиќ“, до него застанало ПМВ марка „Голф“ од кое излегле Б.И. и Ш.И. , при што Б.И. од пиштол испукал еден куршум кон О.А. , кој притоа не бил повреден.

По извршениот увид на местото на настанот полицијата пронашла чаура и неиспукан куршум.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски