Русија планира бегството на непријателска страна да го прогласи за велепредавство

Од:

Руската Државна дума (парламент) денеска во прво читање го усвои предлог-законот според кој бегството на нејзини граѓани на непријателска страна за време на воените активности против Русија ќе се смета за велепредавство

Овој закон предвидува во членот 275 од рускиот Кривичен законик на велепредавството да му се додаде уште еден прекршок – „пребегнување кај непријателот за време на вооружен конфликт, воени активности или други активности кои вклучуваат оружје и воена опрема, во кои учествува Русија“, пренесува Тасс.

Законот предвидува обвинетите по оваа точка, меѓудругото, да добијат казна затвор од 12 до 20 години, како и парична казна до 500.000 рубли (8.600 долари).

Покрај тоа, на руските државјани им се заканува затворска казна од 12 години до 20 години за учество во воени активности во други земји против интересите на Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија го предупредува Израел да не ги напаѓа иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион