Путин мора да ги намали своите цели во Украина, смета потсекретарот во Пентагон, Колин Кал

Од:

Американскиот потсекретар во Министерството за одбрана и официјален претставник на Пентагон, Колин Кал, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин веројатно сè уште сака да освои „повеќе, ако не и цела Украина, но мора да ги намали своите тактички цели во војната“.

-Мислам дека тој има план да го заземе поголемиот дел од Украина, ако не и целата земја. Така гледано, не верувам дека може да ги постигне тие цели, рече Кал, пренесен од британските медиуми.

Официјален Пентагон соопшти дека руските сили би можеле „овде онде“да добијат тактичка предност, но ништо повеќе.

-Украинците се држат. Не мислам дека Русите имаат капацитет да постигнат толку грандиозни цели, оцени Кал.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Во нов руски напад на Украина загинаа двајца железничари

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина

Олаф Шолц: Ставовите на Путин за војната во Украина не се променети

Путин: НАТО влегува во војна со Русија

Горан Наумовски

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски