Трас: ЕУ нема причина да отвори постапка против Велика Британија за североирискиот Протокол

Од:

Лондон денеска соопшти дека Европската унија нема причина да покрене правна постапка против Велика Британија, затоа што укина некои одредби од Протоколот за Северна Ирска за подобрување на трговијата, што Брисел го смета за кршење на меѓународното право.

Велика Британија вчера го објави Законот за укинување на граничните контроли и улогата на Европскиот суд на правдата во регионот и соопшти дека промените се неопходни за да се подобри трговијата и да се намали бирократијата.

Тензиите се зголемуваат неколку месеци откако Лондон ја обвини ЕУ дека го попречува протокот на стоки меѓу Велика Британија и Северна Ирска спроведувајќи контроли сомкои настојува да ја остави отворена границата со Ирска, членка на Европската унија.

Потпретседателот на Европската комисија Марош Шефчович најави дека ЕУ може да ја тужи Велика Британија за прекршување на договорот.

Европската унија би можела да одговори на потегот на Лондон веќе утре, а правниот процес би можел да потрае една година и да заврши со финансиска казна.

Шефицата на британската дипломатија, Лиз Трас, денеска изјави дека „едноставно нема причина ЕУ да преземе каква било акција против Лондон. Овој предлог не им прави ништо полошо“, изјави таа за радио Би-Би-Си.

Велика Британија долго време се закануваше дека ќе го укине Протоколот за Северна Ирска, составен дел од договорот за излез на Обединетото кралство од ЕУ, што обезбедува избегнување на тврда граница на ирскиот остров и го штити Договорот од Велики петок од 1998 година (Договор од Белфаст). Цел на Протоколот е да ја поттикнува размената меѓу заедниците си да обезбеди дека меѓу Северна Ирска и република ирска нема физичка граница, а исто така да се обезбеди интегритет на единствениот пазар на стоки на ЕУ.

Како и во случајот со Брегзит, Велика Британија не е обединета за ова прашање, па едни сметаат дека новиот закон не е доволен, а други предупредуваат дека со неговото донесување Лондон станува земја која ги прекршува договорите.

Така, во уводник во Тајмс се наведува дека потегот на британската Влада „може да го наруши меѓународниот углед на велика Британија и да создаде нова неизвесност за поддршка, во време на невидени актуелни економски предизвици“.

„Во најдобар случај, потегот на владата отвора позиција за повеќегодишни правни битки, а во најлош случај за разорна трговска војна“, пишува весникот.

Ирскиот министер за надворешни работи Сајмон Ковени оценува дека стратегијата на британската Влада дополнително ги комплицира шансите за постигнување компромис.

-Британската влада всушност и кажува не само на Ирска, туку и на Европската унија и пошироко – дајте ни го тоа што го бараме, или ќе го направиме тоа со кршење на меѓународното право, изјави Ковени за Би-Би-Си.

Шефчовиќ вчера повтори дека новите преговори за северноирскиот Протокол не се реални и дека Европската унија нема повторно да преговара.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца