Лазаревска: Ја субвенционираме цената на струјата за граѓаните, нови мерки по усвојување на ребалансот

Од:

И во време на светска економска и енергетска криза Владата предводена од СДСМ продолжува парите да ги враќа назад кај граѓаните и да се грижи за животниот стандард истакна пратеничката на СДСМ Жаклина Лазаревска во своето обраќање на собраниската комисија за финансирање и буџет.

„Државата ја субвенционира до 80 отсто цената на електричната енергија за домаќинствата. Секое домаќинство добива во просек по 2.150 денари помала сметка за струја. Дополнително, имаме и месечни субвенции за сметките за електрична енергија за ранливите категории граѓани и оние со ниски примања“, порача Лазаревска додавајќи дека следуваат нови мерки за помош по усвојување на ребалансот на Буџетот.

Лазаревска истакна дека бројни економски параметри ја потврдуваат грижата на СДСМ за економскиот стандард на граѓаните.

„Потрошувачката кошничка од 2016 година до денес е зголемена за 19,3 проценти. Во истиот период, просечната плата е зголемена за 32,5 отсто, додека минималната плата е зголемена за 100 отсто. И ако претходно требале четири минимални плати за една синдикална кошничка, денес требаат 2,2 минимални плати. Тоа значи дека СДСМ за пет години направил два пати повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за 11 години“, порача пратеничката од СДСМ, Лазаревска.

Би можело да ве интересира

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

Советниците го изгласа Буџетот на Град Скопје за 2025 година

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски

Димитриеска Кочоска: Буџетот за 2025 година обезбедува непречено функционирање на институциите и државата

Битиќи: Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на реалноста го премолучува реалниот дефицит

Горан Наумовски

Трендафилов: Во Буџетот за 2025 се планирани пари за поголеми плати