САД и нивните сојузници подготвуваат „брз“ одговор во случај на нова нуклеарна проба на Северна Кореја, вклучително и ревизија на воениот став, предупреди денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
„Северна Кореја ги заврши подготовките за уште една нуклеарна проба и мислам дека се уште и недостига политичка одлука“ да преземе акција, изјави неговата јужнокорејска колешка Парк Џин на заедничката прес-конференција во Вашингтон, додавајќи дека тоа ќе предизвика нови меѓународни санкции.
Блинкен рече дека САД се уште се загрижени поради изгледите дека Северна Кореја ќе го пријави седмиот нуклеарен тест, но прв од 2017 година.
„Во контакт сме со нашите блиски сојузници и партнери, почнувајќи од Република Кореја, преку Јапонија и други, за да можеме брзо да одговориме“, додаде Блинкен.
Тој рече дека ги подготвуваат сите сценарија и дека се подготвени ако има пчотреба, да ја сменат воената позиција на долг и краток рок.
Вашингтон од минатиот месец процени дека Пјонгјанг, кој веќе истрела неколку балистички ракети оваа година, вклучително и интерконтинентални, е подготвен да стави крај на мораториумот на нуклеарните тестови.
Извор: МИА