Владејачката коалиција во Израел на „стаклени нозе“ по оставка на пратеник

Од:

Владејачката коалиција во Израел можно е да се распадне, откако во текот на вчерашниот ден имаше информации дека, еден од пратениците од десничарската партија на премиерот Нафтали Бенет, изјавил оти „веќе не е дел“ од Владата.

Идеолошки разновидната коалиција на Бенет, што вклучува екстремно десничарски, либерални и арапски партии, изминатиот период беше сè поблизу до колапс, година дена откако му дојде крајот на рекордното 12-годишно владеење на Бенјамин Нетанјаху.

Пратеникот Нир Орбах, од екстремно десничарската партија Јамина, во изјава пренесена од неколку тамошни медиуми, тврди дека излегува од коалицијата.

– Го известив премиерот дека поради моменталната ситуација, веќе не сум дел од коалицијата, појасни Орбах.

Потоа следуваше негов коментар дека „екстремистичките и антиционистичките“ пратеници во Парламентот ја одвеле коалицијата „во проблематични насоки“.

Според неговите зборови, тој сака да избегне нови избори и нема да гласа за распуштање на Парламентот. Со неговото заминување, коалицијата на Бенет остана без можност да добие мнозинство, сега има 59 места во Парламент со 120 членови.

Нетанјаху, сега како лидер на опозицијата кој ветува враќање, иако му се суди за наводна корупција, изјави дека Владата го одржува „еден од најдолгите погреби во историјата“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел повторно нападна бегалски камп во Газа, има мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски