Полскиот претседател Анджеј Дуда промовираше закон со кој се укинува контроверзниот дисциплински механизам на Врховниот суд за судиите, што, според Европската унија, ја нарушува независноста на судството.
Европската комисија ја информираше Полска дека треба да го укине тоа дисциплинско тело за да може да добие блокирани средства за реконструкција по коронавирусот од околу 35 милијарди евра.
„Дуда потпиша предлог-закон со кој се предвидува измена на законот за Врховниот суд“, беше објавено во порака на Твитер од кабинетот на претседателот.
Долниот дом на полскиот Парламент, што е под контрола на владејачките конзервативци, минатата недела гласаше за укинување на тоа дисциплинско тело. Сепак, опозицијата, како и групи судии и други критичари, рекоа дека текстот не одговара доволно на приговорите за политизацијата на судството.
Европската унија и Варшава долго време се противат на независноста на судството и владеењето на правото во Полска. Тоа прашање доби важност во време кога ЕУ се обидува да го одржи единството против војната во Украина.
Извор: МИА