Австрија испраќа експерти да ја проценат состојбата во Египет

Од:

Министерот за надворешни работи на Австрија, Михаил Шпинделегер најави денеска дека двајца службеници од неговото Министерство ќе бидат упатени во туристичките центри Шарм ел Шеик и Хургада за да ја проценат безбедносната ситуација.

Во моментот во Египет престојуваат седум илјади Австријци, од кои пет илјади се туристи.

Врз основа на информацијата од експертите ќе биде одлучено дали предупредувањето за патување во Египет ќе биде проширено и на тие региони, порача тој во изјава за австриското државно радио.
Доколку Министерството издаде предупредување и за туристичките центри, тоа ќе овозможи бесплатно откажување на уплатените аранжмани за летување во Египет.

Министерството за надворешни работи до сега издаде само парцијално предупредување за патувањата во Египет, кое важи за египетскиот дел на Сахара и полуостровот Синај.

Би можело да ве интересира

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник

120 австриски полицајци „ловеа“ маж кој си ја убил жената и активирал експлозив