Два автобуси и пет патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

Од:

На 10, 11 и 12.06.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце била извршена контрола на осум патнички возила и на два автобуса кои вршеле меѓународен превоз на патници, извести МВР.

„При контрола на автобус со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.С.(45) од Струга и Р.Ш.(68) од с.Долна Бањица, гостиварско и автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Б.(37) од с.Јанче, општина Маврово и Ростуше, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Исто така, при контрола во патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.С.(50) од Куманово, патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(42) од општина Липково, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(38) од с.Ропаљце, општина Липково, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.А.(29) од с.Мокриево, општина Ново Село и патничко возило „форд галакси“ со бугарска национална ознака, управувано од Д.Л.(30) од Свети Николе, било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација“, соопшти МВР.

„При контрола во три патнички возила, двете со струмички регистарски ознаки, управувани од Ж.Ј.(37) од Струмица и од А.В.(31) од с.Василево, струмичко, и едното со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Т.(29) од Радовиш било констатирано дека имале поголема количина на багаж од предвидената.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата“, се додава во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци