Во северниот дел од Атлантскиот Океан од денеска почнуваат големи поморски маневри на НАТО.
Маневрите ќе се одржат во областите на таканаречената линија Северноатлантска подморничка линија на НАТО што минува меѓу Гренланд, Исланд и Велика Британија, а се во зоната на оперативност на хидроакустичниот систем за подморнички надзор на НАТО (Sound Surveillance System).
Вежбата ќе одработува активности за спречување пробив на непријателски подморници низ линиите на НАТО и обид да навлезат во централниот дел на Атлантикот.
Во рамки на вежбовните активности под кодно име „Динамичен мунгос“, во пристаништето на Рејкјавик од минатата седмица веќе се пристигнати девет воени брода и подморници на НАТО.
Според соопштението од Северноатлантската алијанса, „Динамичен мунгос“ има за цел да им овозможи на учесниците во софистицирана и реална борбена обука да ја подобрат нивната интероперабилност и вештини за борба против подморници и бродови.
Во маневрите е предвидено учество на три подморници, 11 воени бродови и 16 противподморнички патролни авиони на оружените сили на САД, Велика Британија, Германија, Франција, Канада, Норвешка, Данска, Холандија и Португалија.
Извор: МИА