Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска ќе го посети Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ) и ќе има работна средба со директорот Љупчо Давчев.
Министерството за економија соопшти дека теми на средбата се придобивките од полноправно членство на ИСРМ во европските тела за стандардизација и економските бенефити за индустријата во Македонија од употреба на стандарди и сертификација.