ВИДЕО: Британија реагира на смртните казни за британските доброволци заробени во Украина

Од:

Британската влада е „длабоко загрижена“ за смртните казни изречени на Британците Ејден Аслин (28) и Шон Пинер (48), кои беа заробени додека се бореле за Украина, објави Даунинг стрит.

„Очигледно е дека сме длабоко загрижени за ова. Постојано кажувавме дека воените заробеници не треба да се експлоатираат за политички цели. Знаете дека според Женевската конвенција, воените затвореници имаат право на имунитет на борците и не треба да бидат кривично гонети за учество во непријателствата. Така, ние ќе продолжиме да работиме со украинските власти за да се обидеме да обезбедиме ослободување на сите британски граѓани кои служеле во украинските вооружени сили и кои се држат како воени затвореници“, изјави официјален портпарол на премиерот. во соопштение.

Во меѓувреме, министерката за надворешни работи Лиз Трас рече дека „целосно ја осудува“ пресудата на Британците.

„Тие се воени заробеници. Ова е лажна пресуда без апсолутно никаков легитимитет. Моите мисли се со семејствата. Продолжуваме да правиме се што можеме за да ги поддржиме“, рече таа.

Би можело да ве интересира

Порошенко: Избори за време на војната го уништуваат украинското единство и од нив корист ќе има само Русија

А1он

Руската одбрана уништи украински беспилотни летала над Русија

„Њујорк тајмс“: Бројот на Севернокорејци во Курск е преполовен

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Медведев: Опасно е Зеленски да биде реизбран, кловнот од Киев стана едноставно нелегитимен

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина