Приказните од „Илјада и една ноќ“ преточени во балетот „Шехерезада“ од Н. Р. Корсаков, под диригентската палка на Бисера Чадловска, кореографијата ја пренесе познатиот балет-мајстор од Москва, Михаил Крапивин, со првична постановка на Михаил Фокин ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 14 јуни со почеток во 20.00 часот.
Сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите на Маја Бурсаќ од Србија, концерт-мајстор: Верица Ламбевска.
Балетската приказна ќе ни ја раскажат: Ивана Коцевска, Балаж Лашеи (Унгарија), Драган Кочоски, Стефан Кочевски, Лора Тарчуговска, Симона Митовска, Илијана Данилов, Ивана Димкоска
„Валпургиска ноќ“ – Шарл Гуно е балетски дел од операта „Фауст“ на Шарл Гуно
На 27 јануари 1949 година, изведен е првиот самостоен балетски настап на ансамблот, со „Валпургиска ноќ“, балетскиот дел од операта „Фауст“ на Шарл Гуно, во кореографија на Ѓорѓи Македонски. Во 1949 година и официјално е формиран Балетот при Македонскиот народен театар.
Диригент: Бисера Чадловска, кореограф: Габор Кевехази (Унгарија), сценограф: Марија Ветероска, костимограф: Марија Пупучевска, концерт-мајстор Верица Ламбевска
Настапуваат:
Марија Кичевска Шокаровска, Саша Евтимова, Мими Поп Алексова Атанасовска, Мирослав Митрашиновиќ, Николас Орсо, Кристијан Јангос, Игор Веланоски, Ендру Кук (Англија), Илијана Данилов.
Настапуваат првенци, истакнати солисти, солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.