ВМРО-ДПМНЕ преку своите изјави и постапки упорно се обидува општеството да го врати во патријархат, реагира НСДП.
„Скандалозно е објаснувањето зошто владата на РМ планира да отвори советувалишта за брак и семејство, објаснувајки дека бракот во општеството е загрозен од напливот на еманципација на жените кои сè повеќе се борат за образование и кариера, а го напуштаат стереотипот мажот да се почитува како доминантен партнер“, соопшти партијата.
За НСДП е очигледно дека владејачката партија жената ја доживува како граѓанин од втор ред задолжена исклучиво за репродукција, а не како рамноправен член на општеството од чие што образование, исто како и на мажот, зависи развојот на општеството.