САД најавија сто милиони долари за обука на медицински персонал во Јужна Америка

Од:

САД денеска објавија план од сто милиони долари за обука на половина милион медицински персонал во Јужна Америка. Планот беше соопштен на Самитот на двете Америки што се одржува во Лос Анџелес.

Со парите е предвидено да се формира таканаречен „Здравствен корпус на Америка“, тело што ќе има за задача во рок од пет години да ги подобри вештините и компетенциите на 500 илјади вработени во секторот, се вели во соопштението на Белата куќа.

Предвидените средства покрај од САД ќе бидат обезбедени и преку фондови, како и донаци преку Панамериканската здравствена организација.

„Пандемијата ни покажа многу од недостатоците на здравствените системи ширум светот и ја истакна важноста од здрави и одржливи системи за целото население“, соопшти Белата куќа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“