Црногорскиот кошаркар Никола Пековиќ, договорил петгодишна соработка со Минесота Тимбервулфс, објави неговиот менаџер Мишко Ражнатовиќ. Според новиот договор Пековиќ ќе заработи 68 милиони долари.
„По 44 денови преговарање договорот е постигнат. Никола Пековиќ останува во Минесота и во следните пет години. Договорот изнесува 60 милиони долари плус 8 милиони бонус“, напишал Ражнатовиќ на Твитер.
Пековиќ, во петок ќе треба да ги мине лекарските прегледи, а потоа и да о потпише договорот. Инаку, поради потпишувањето на новиот договор Пековиќ реши да го пропушти Европското првенство во Словенија.
Пековиќ во минатата сезона беше еден од најдобрите центри во НБА лигата со просек од 16,3 поени и 8,8 скокови по натпревар.