Приведени двајца криумчари на мигранти од тетовско

Од:

Денеска во 04.30 часот полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, кај место викано„Табла“ кај село Богородица ги лишиле од слобода А.З. и Ј.С. двајцата од село Копачин Дол, тетовско, информира МВР.

– Имено, при извршена контрола на товарно возило„форд транзит“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.З., во кое совозач бил С.Ј. биле пронајдени 40 лица мигранти (30 од Пакистан, 6 од Авганистан и 4 од Индија). Поради основано сомнение за извршено кривично дело „криумчарење на мигранти“, возачот и совозачот се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.

Лицата мигранти се пренесени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР