Ѓорческа во четвртфиналето на тенискиот фјучрс турнир во Брчко

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа (8.носител) се избори за четвртфиналето на фјучрс турнирот во Брчко, со што го повтори успехот од лани на истиот турнир.

Таа денеска во меч од 2. коло ја победи Антонела Шушак од Хрватска со 6:3 и 6:4 во сетови. Противничка во четвртфиналето ќе и биде тенисерката од Босна и Херцеговина, Катарина Јокиќ, која преку квалификации избори учество на турнирот.

Во игра на двојки Ѓорческа заедно со Далија Зафирова од Бугарија веќе имаат изборено пласман во полуфиналето.

И двата меча четвртфиналето во поединечна конкуренција и полуфиналето во двојки нашата тенисерка најверојатно ќе ги игра утре.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ