Клинтон го посети Мандела

Од:

Поранешниот американски претседател, Бил Клинтон денеска имапе ретко задоволство да го посети првиот демократски избран претседател на Јужноафриканската република, познатиот борец против апартхејдот во Јужна Африка и воопшто јунак на слободата, Нелсон Мандела.

Ова беше средба помеѓу двајца стари пријатели, но и родендеска честитка еден ден пред Нелсон да наполни 94 години.

Клинтон е во Јужна Африка, како дел од турнејата која ќе се одржи ви Мозамбик, Руанда и Уганда и има цел да изврши увид во здравствените и социјалните проекти на неговата истоимена.

Милиони Африканци денес ќе поминат 67 минути во правење на добри дела денес за да ги прослават 67 – те години на Нелсон Мандела посветени на јавниот живо, иницијатива која се совпаѓа со неговиот роденден секоја година.

Двајцата поранешни претседатели и сегашни пријатели поминале цело поладне заедно разговарајќи за светските прашања и нивните животи во пензија.

Клинтон во домот на Мандела беше придружуван од својата ќерка Челзи, додека пак домаќинот се разбира го пречекал со својата сопруга Граса и членовите на неговото семејство.

Во минатото токму Мандела одигра значајна улога во аферата на Клинтон со Моника Левински. Неговите совети му помогнаа на Американецот да го совлада проблемите кои произлегоа откако се прошири веста.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ