СДСМ: Настанот во Битола не треба да се политизира, да бидеме мудри и да не наседнуваме на сценарија

Од:

„Апелираме до јавноста да не се политизира кривично правниот настан, во кој, по сопствено признание, како сторител се јавува македонски пејач“, соопшти СДСМ.

„Негативните емоции за називот на бугарскиот културен центар во Битола во никој случај не смеат да бидат причина да се оправдува свесно и со умисла подметнување пожар во кој можел да настрада и самиот сторител, но и други лица.

Македонскиот идентитет не се брани со релативизирање на кривични дела. Вандализмот буди друг вандализам, кој може да не внесе во спирала на скандали кои може да бидат погонско гориво за радикални структури во двете земји.

Наша обврска е да бидеме мудри и да не наседнуваме на сценарија чија цел е оддалечување на Северна Македонија од ЕУ.

Имаме разбирање за вознемиреноста на нашите граѓани, но никогаш нема да одобриме насилничко однесување.

Единствено надлежен за ценењето на евентуалните олеснителни околности во конкретниот случај е исклучиво правосудната власт, а не дневната политика.

Конечно, во текот на оваа година ќе бидеме сведоци на отворањето на Македонскиот културен центар во Благоевград. Ние се бориме со вредности, принципи и доследност, а не со насилство!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните