Израел почна разговори со Европската унија за програма за финансирање на истражување, која врз основа на новите одредници забранува да се финансираат
Израелците, кои работат на окупираниот Западен Брег.
Израелското Министерство за надворешни работи наведе во соопштението дека разговорите за програмата на ЕУ „Хоризонти 2020“, почнале вчера.
Во соопштението се додава дека доколку не биде постигнат компромис, Израел нема да учествува во таа програма на ЕУ.
Израел ги отфрла условите на ЕУ, бидејќи тие ги нарушуваат прописите против поддршка на бојкотот на еврејските населби на окупираните територии.
Меѓутоа Израел не сака да го загуби пристапот до потенцијалните стотици милиони долари за истражувањето.
Засега не е јасно колку навистина има можност за компромис, бидејќи ЕУ нагласува дека нема да го поттикне ширењето на еврејските населби на териториите на кои Палестинците сакаат да ја основаат својата држава.