Миланската Ла Скала ја отвора сезоната со изведба на руска опера

Од:

Италијанската оперска куќа Ла Скала ќе ја отвори новата сезона со изведбата на „Борис Годунов“, руска опера во изведба на руски уметници и нема да има културен бојкот и покрај руската инвазија на Украина.

– Јас не сум за лов на вештерки или за исфрлање на руски дела, изјави за новинарите Доминик Мејер, уметнички директор на театарот.

– Не се кријам додека го читам (рускиот писател Александар) Пушкин. Одлуката за избор на операта е донесена пред неколку години, додаде Мејер.

Главните улоги во операта „Борис Годунов“ напишана од Модест Мусоргски ќе ги играат руските оперски пејачи, басот Илдар Абдразаков и сопранот Ана Денисова.

Почетокот на новата сезона во Ла Скала на почетокот на декември е еден од најважните италијански културни настани.

Веднаш по руската инвазија на Украина во февруари, театарот во Милано објави дека рускиот диригент Валери Гергиев нема да настапи на Скала бидејќи не ја осудил војната.

На прашањето од новинарите која е разликата во споредба со случајот на Гергиев, Мејер рече дека Ла Скала го смета рускиот диригент за своевиден политичар.

– Тој е еден вид руски министер за култура. Другите уметници се во поинаква позиција: добиваат награди и признанија, но тоа не ги прави поддржувачи на војната, додаде тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади