На Штипскиот универзитет најголем интерес за студии на Медицинскиот факултет

Од:

Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ во првите два дена од првиот уписен рок примил 1.800 идни студенти на своите 13 факултети, што се совпаѓа со очекувањата. Интересот е најголем на Факултетот за медицински науки, каде уште во првиот ден се пополниле најголем дел од студиските програми.

– Факултетот за медицински науки веќе е преполн. Многу добро за Универзитетот е тоа што донесе одлука да не се примаат студенти на овој факултет со помалку од 80 поени, со што во првиот уписен рок се запишаа одлични средношколци. На Факултетот за туризам и бизнис-логистика, исто така, имаме близу 600 студенти. Интересот е голем и на Факултетот за природно-технички науки, каде што има повеќе од 160 пријавени кандидати, изјави проректорот за инвестиции Кирил Барбареев.

На Факултетот за информатика, додаде тој, пријавени се повеќе од 100 и на Земјоделскиот факултет повеќе од 90 кандидати.

Првиот уписен рок на УГД почна завчера и според Конкурсот завршува денеска, но на барање на студенти кои не ги комплетирале потребните документи, Универзитет донесе одлука запишувањето да го продолжи и утре.

Според Барбареев, по вториот уписен рок во септември се очекува да бидат запишани над 3.000 идни студенти.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование