Сарачини: Зголемување на извозот и намалување на трговскиот дефицит во втората половина од 2013

Од:

Во втората половина од годинава се очекува подобрување на економската состојба во државата, европските компании ќе ги активираат нарачките, со што ќе се зголемат домашното производство и извозот, а ќе се намали трговскиот дефицит, рече денеска министерот за економија Ваљон Сарачини.

Одговарајќи на новинарски прашања по означувањето на стартот на новиот проект за реформи во енергетскиот сектор, Сарачини напомена дека Владата континуирано презема мерки за поддршка на бизнис секторот.

– Само во Министерството за економија има пет програми за поддршка на малите и средните претпријатија, но исклучително ефективни се покажаа и евтините кредитини линии од Евроспката инвестициска банка од кои досега се искористени 78 милиони евра, а до крајот на годинава се очекува на реализација на уште 22 милиона, истакна Сарачини.

Според него, Македонија нема трговски проблеми со Косово, успеа да го пролонгира за три месеци воведувањето на административните такси за превозниците.

Договори во овој сегмент, како што рече Сарачини, постојат од двете страни, но претстои нивно усогласување.

– Во втората половина на септември очекувам да биде надминат и овој проблем, посочи министерот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница