Приведен крадец во Скопје

Од:

Вчера во 11,30 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар бил лишен од слобода 49-годишниот М.К. од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, извести МВР.

– Имено, истиот ден околу 09.00 часот во автобус на ЈСП бр. 57 на улицата “Цветан Димов“, осомничениот М.К. одзел женски паричник во кој имало пари и документи од оштетената М.Б. (23) од Скопје. Со М.К. бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на јавен обвинител, а од страна на оштетената извршено е препознавање, соопшти МВР.

Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава по член 236, „тешка кражба на дрзок начин“, од КЗ на РСМ

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци