Бартоли замина во пензија

Од:

Актуелната шампионка на Вимблдон, французинката Марион Бартоли соопшти дека ја завршува својата тениска кариера. Таа синоќа на турнирот во Синсинати загуби од Симона Халеп и потоа објави дека тоа бил нејзиниот последен меч.

– Не е лесно ова да се изјави. Едноставно не сакате да дојдете во ваква ситуација, но така е. Време е да се повлечам од спортот. Целото тело ме боли после мечот, изјавила Бартоли.

Честите повреди последните сезони беа причина 28.годишната тенисерка да се повлече.
Бартоли покрај титулата освоена оваа година на Вимблдон, беше финалистка на овој турнир и во 2007 година кога загуби од Венус Вилијамс.

Во својата кариера Бартоли освои седум титули во поединечна конкуренција и три во игра на двојки и заработи нешто повеќе од 11 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ