Денес во Скопје се одржа Петтиот Конгрес на НСДП на кој присуствуваа 426 делегати од вкупно 493.
Како што информираат од партијата, за нов претседател на НСДП е избран Горан Мисовски.
„Од 314 делегати кои гласаа, 308 делегати гласаа ЗА, 3 против и 3 неважечки гласачки ливчиња. Исто така беа избрани и Централниот одбор на НСДП со 81 член и Надзорниот одбор на НСДП со 9 члена. Воедно на Конгресот беа усвоени изменувања и дополнувања на Статутот на НСДП и Програмската платформа за делување на партијата во наредните 4 години“, соопштуваат од НСДП.