Кина го повика денеска јапонскиот амбасадор и му го изрази своето незадоволство, поради посетата на двајца јапонски министри на контроверзното светилиште, каде им оддале почит на Јапонците загинати во војната, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.
– Посетата на министрите на светилиштето Јасукуни сериозно ги повредува чувствата на народот на Кина и на другите азиски земји – жртви“, соопшти Министерството.
Кинескиот-заменик министер за надворешни работи Лиу Ченмин го повика јапонскиот амбасадор Масато Китеро на итен состанок, за да му го пренсе острото противење и осуда на Пекинг, наведе Министерството.
– Прашањето во врска со светилиштето Јасукуни се однесува на тоа дали Јапонците можат или не можат правилно да ја препознаат и да се соочат со историјата на инвзија на јапонските милитаристи и дали можат или не да ги почистуваат чувствата на народот на Кина и на другите народи-жртви во Азија, соопшти кинеското Министерство.
Посетата на јапонските политичари на Јасукуни го предизвикува бесот на Кина и Јужна Кореја, бидејќи светилиштето е изградено во чест на загинатите Јапонци во војната, вклучувајќи и 14 јапонски воени лидери, кои се осудени како воени злосторници пред сојузничкиот трибунал.
За Јужна Кореја светилиштето е потсетник за јапонското брутално колонијално владеење од 1910 до 1945 година, а Кина исто така се соочи со јапонската окупација пред и за време на Втората светска војна.