Пронајдена дрога при претреси во скопски угостителски објекти, приведени 14 лица

Од:

Од втори до четврти јуни во рамки на засилените активности на Министерството за внатрешни работи за спречување на недозволената трговија со дрога и други кривични дела, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, Специјална антитерористичка единица Тигар и Единица за службени кучиња во координација со Управата за јавни приходи извршија контроли во угостителски објекти на подрачјето на Скопје, при што се легитимирани повеќе од 150 лица, а приведени се 14 лица кај кои е пронајдена дрога (бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, марихуана, екстази…). Приведени се Ј.Т., Д.Ш., Ф.И., С.М., Л.П., Б.А., С.Л., Ф.Ј., Љ.П., Ф.С., О.Ј, Т.Г., Н.Б., Х.Г., информира МВР.

„Во склоп на акцијата, во содејство со сообраќајната полиција, откриени се 30 лица, меѓу нив и малолетници, кои управувале возило без возачка дозвола, а одземено е и едно возило поради основи на сомнение дека потекнува од извршена кражба.Извршени се и над 70 прегледи на возила“, соопшти МВР.

„Меѓу приведените е и Ф.И.(25) од скопско, полициски службеник, кој не бил на работна задача, а при прегледот кај него е пронајдена дрога. За случајот веднаш е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и преземени за натамошна постапка. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени мерки и активности за гарантирање на безбедноста на граѓаните, а најстрого ќе бидат санкционирани и полициските службеници кои ќе ги прекршат законите на било каков начин“, се додава во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски