Во Албанија приведени 31 илегални емигранти од Мароко и Сирија

Од:

Албанската пограничната полиција во близина на преминот Каквија, на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, привела триесет и еден илегален емигрант од Мароко и Сирија.


Како што јавуива дописникот на МИА од Тирана, странците полицијата ги открила на неколку места во близина на преминот.


Како што јавуваат албанските медиуми групи илегални емигранти од азиските и африканските земји полицијата открива речиси секојдневно. Тие најчесто илегално влегуваат од Грција, а албанската територија ја користат само како транзит на патот кон западноевропските земји.


Завчера полицијата приведе петнаесет илегални емигранти во близина на Ѓирокастро од Ирак, Сомалија и Сирија, додека ден пред тоа 14 емигранти од Сирија и Еритреја во близина на туристичка локација кај градот Тепелена.


Во последниот неполн месец откриени се над 100 емигранти од азиските и африканските земји.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски