Војната во Украина разгорува тродимензионалната глобална криза – храна, енергија и финансии – што најмногу ги погодува најранливите луѓе, земји и економии, напиша денеска на Твитер генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш.
– Колку побрзо заврши оваа војна, толку подобро – за доброто на Украина, Русија и светот, нагласи тој.
Извор: МИА