Захарова: Преговори со Украина во моментов се бесмислени

Од:

Москва е благодарна на Турција за нејзиниот предлог да биде домаќин на руско-украински преговори со посредство на Обединетите нации, но разговорите за иницијативата сега се бесмислени, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Волјата за посредување во мировни преговори е секогаш добредојдена, но мислам дека во моментов е бесмислено, дури и теоретски, да се разговара за одговорот на оваа иницијатива, рече Захарова, коментирајќи го предлогот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да ги покани Москва и Киев да разговори во Истанбул.

Во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот, Ердоган рече дека може да организира средба меѓу Русија, Украина и ОН во Истанбул и оти е подготвен да „игра улога во потенцијалниот механизам за следење доколку се постигне некаков начелен договор меѓу двете страни“.

Руски и украински претставници последен пат се сретнаа на разговори во Истанбул на 29 март годинава.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Захарова: Русија ќе соработува со арапските земји за деескалација на Блискиот Исток

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Захарова: Ако Киев нападне руска територија, тоа ќе биде погубен акт за Западот

Захарова: Не ни кажувајте што да правиме