Заврши вториoт круг од обновените израелско-палестински мировни преговори

Од:

Заврши вториот круг од обновените израелско-палестински мировни преговори, што речиси пет години беа во прекин, пренесоа американските медиуми.

Средбата се оддржа вчера во Ерусалим на место што беше зачувано во тајност со цел да се спречи протекување на информации и зачувување на довербата меѓу двете страни.

Израел и палестинската автономна власт (ПАВ) не издадоа соопштение по завршувањето на разговорите, ограничувајќи се да соопштат дека тие траеле неколку часа.

Претставник на ПАВ, кој посакал анонимност, во доверба посочил дека двете страни се договориле да се среќаваат секоја недела.

Разговорите ќе се оддржуваат во Ерусалим и градот Ерихон, на Западниот Брег на реката Јордан.

Ова е трет обид од 2000 година за договарање на решение на израелско-палестинскиот конфликт врз основа на заедничко постоење на две држави.

Првиот, подготвителен круг од обновените преговори се оддржа во Вашингтон на крајот на минатиот месец.

Мировниот процес повторно беше придвижен со посредништво на државниот секретар на САД, Џон Кери, кој направи шест турнеи по Блискиот исток, откако ја презеде функцијата на почетокот на годината.

Преговорите, меѓутоа, минуваат во состојба на засилена напрегнатост и ниски очекувања.

Во предвечерието на вчерашниот круг Израел соопшти дека ќе изгради стотици нови станови во еврејските населби на окупираните палестински земји и изврши воздушен напад во Појасот Газа, контролиран од палестинското исламистичко движење Хамас.

Би можело да ве интересира

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Израелските сили навлегоа најдлабоко на територијата на Либан од почетокот на копнената операција

Најмалку 15 лица загинаа, а 16 се ранети во израелскиот напад на Дамаск

Нов израелски напад врз Либан, се зголемува бројот на загинатите

Израел и Хезболах се на чекор од постигнување на договор за мир

Жан-Ноел Баро: Израел бара дозвола да го нападне Либан

Горан Наумовски