ССМ најави генерален штрајк на 22 јуни ако дотогаш Владата не ги исполни сите барања

Од:

Ако нема исполнување на сите барања заклучно со 21 јуни јавниот сектор ќе стапи во генерален штрајк објави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Дарко Димовски.

ССМ бара потпишување на општиот колективен договор каде што ќе се утврди линерално зголемување на платата од 2.806 денари за сите работници во јавниот сектор и враќање на изгубеното право на регрес во 2023 година во износ од 30 до 100 проценти од просечната плата во државата.

„Бараме итно зголемување на платите. Ценовните шокови и двоцифрената инфлација ни даваат право да бараме усогласување на платите веднаш, бидејќи веќе не се издржува“, изјави Димовски.

„Да не мешаме бабаи и жаби, тогаш баравме минимална плата која беше неопходна за справување со овие кризи“ рече Димовски одговрајќи на прашање околу задоволството од социјалниот дијалог со Владата изразено неодамна.

Тој објаснува дека со постигнатиот договор за минимална плата во приватниот сектор им се отворила вратата за усогласување според закон со неа и останатите плати.

Вакавата одлука на ССМ доаѓа по вчерашниот неуспешен обид за преговори со Владата. Пред ребалансот на буџетот синдикалците добија уверување дека ќе има по 2.800 денари зголемување на платите, но, велат, во предлог ребалансот таква ставка нема.

Би можело да ве интересира

Трговците се алчни, прво ги зголемија, па ги намалија цените за да им остане истиот профит обвинува ССМ

Се повеќе пари се трошат на храна, минималната кошница за октомври 1000 евра

Трендафилов: Аргументите за пораст на платите се на наша страна, очекуваме сериозно да се разгледуваат на ЕСС

ССМ: Укината е срамната ревизија донесена од тројцата судии

Горан Наумовски

ССМ очекува благо зголемување на минималната синдикална кошничка

Горан Наумовски

ССМ: Борбата за раст на платите не е политичка