Во терминот за пријателски натпревари синоќа покрај дуелот Македонија – Бугарија (2:0) беа одиграни уште неколку натпревари. Од нашите ривали во групата Велс дома одигра без голови 0:0 со Република Ирска, а со истиот резултат заврши и натпреварот Белгија – Франција. Србија е поразена од Колумбија со 1:0, а Шкотска загуби во Лондон од Англија со 3:2.
Единствената победа покрај Македонија од групата А од квалификациите за Мундијалот ја постигна и Хрватска, која со 3:2 славеше над Лихтенштајн.
Од другите поинтересни натпревари: Италија – Аргентина 1:2, Еквадор – Шпанија 0:2, Португалија – Холандија 1:1, Швајцарија – Бразил 1:0, Германија – Парагвај 3:3 и Јапонија – Уругвај 2:4.