Mинистерот за економија Ваљон Сарачини денеска ќе го означи почетокот на ИПА проектот „Зајакнување на административните капацитети на Секторот за енергетика во Министерството за економија и Агенцијата за енергетика“.
Главна цел на проектот е зајакнување на административните капацитети на Секторот за енергетика во Министерство за економија и Агенцијата за енергетика, како и мониторинг и евалуација на реформите во Секторот за енергетика, потребни за усогласување на националното со европското законодавство и другите релевантни ЕУ обврски во областа на енергетиката. Се очекува да се обезбеди правна и регулаторна рамка со што ќе се привлечат инвестиции во енергетскиот сектор и ќе се придонесе за економски развој и социјална стабилност на земјата.
На настанот ќе се обратат и директорот на проектот Гордана М. Јуруковска и претставник на делегацијата на ЕУ, Елизабета Ѓорѓиева.