Фудбалерите до 21 година, во пријателски меч одигран во Горњи Милановац, загубија од домашната селекција на Србија со 4-1 (0-0).
Головите за Србија на овој меч ги постигнале Ѓурџевиќ, Јојиќ, Стоиљковиќ и Мркела, додека почесниот гол за Македонија го постигна Николов во 62-та минута.
Инаку, младите македонски фудбалери во квалификациите за пласман на ЕП во Чешка во 2015 година се наоѓаат во група со Азербејџан, Норвешка, Португалија и Израел.
Македонија има одиграно веќе еден натпревар, на 8. јуни во Азербејџан, мечот заврши без голови.