Франк Рибери изјави дека пред некое време размислувал за варијантата да премине во Барселона, кога тренер на каталонците беше сегашниот тренер на Баварците Пеп Гвардиола.
“Мојот соиграч во националниот тим Ерик Абидал, кој играше под водство на Гвардиола во Барселона, се поврза со мене во сезоната 2008/09”, започна Рибери пред списанието “Спорт Билд”.
“Се разбира дека тогаш размислував дали да се преселам во Барселона. Тогаш тоа беше најдобриот тим во светот. Тогаш имав ефективен договор со Баерн, а јас секогаш сум го почитувал клубот”.