Бројот на убиени во денешните судири во Египет се зголеми до 149 луѓе, додека бројот на повредени е 1.403, објави Министерството за здравство.
Потпретседателот Мохамед Ел Барадеј поднесе оставка заради несогласување со одлуката на властите насилно да ги урнат протестните кампови на приврзаниците на соборениот од власт претседател Мохамед Морси во Каиро.
Оставката ја образложува во писмо до привремениот претседател Адли Мансур.
– Ми стана претешко и понатаму да носам одговорност за одлуки за кои не се согласувам и од чии последици стравувам. За жал, од денешните случувања профитираат само оние кои повикуваат на терор и насилства, а тоа се екстремистичките групи, наведува тој.