Израел планира да им плаќа на студентите на Универзитетите да поставуваат произраелски пораки на социјалните мрежи, а тие не мора да се идентификуваат како поврзани со владата.
Во соопштението од кабинетот на израелскиот премиер е наведено дека студентите ќе добиваат стипендии за да се обратат он лајн до меѓународната јавност во борбата против антисемитизмот и бојкотот на Израел.
Студентските пораки, како што се наведува, ќе бидат одраз на владините портпароли.
Израелски претставник изјави дека оние кои примаат стипендии не мора да се идентификуваат како да се дел од програмата која ќе почне во рок од неколку месеци.