(ФОТО) АМАН: Фронтот се шири, со масовност до конкретни резултати

Од:

Народот после една година разбра дека мора да излезе сам и да си ги бара правата, да се освести и да стане свесен дека ништо не е залудно, вели Зорица Димитрова, активист на АМАН, една година од почетокот на овие протести.

Граѓанската иницијатива АМАН може да се окарактеризира како најмасовниот протест од независноста на државава, а тоа го докажуваат и официјално собраните 13 169 потписи. Со протестот кој започна како последица на поскапувањето на струјата, парното и нафтените деривати, граѓаните бараа од инсититуциите на државата да ги прифатат нивните барања за враќање на дневната ефтина тарифа како и укинување на сметките за парно кај оние граѓани кои го имаат исклучено.

parkobrani (4)

„Законот беше на седница, не помина поради арбитрарната одлука на пратениците од мнозинството да не поддржат едно скромно барање на граѓаните“, појаснува Петрит Сарачини, активист на АМАН, додавајќи дека иницијативата успеа да докаже дека сите граѓаните не потклекнуваат на притисоците и одлучуваат индивидуално да се здружат.

„Покажавме дека има граѓани кои што се борат за своите права“, истакна Александар Гочев, активист на АМАН, велејќи дека иако власта немала слух за нивните барања, собраните потписи покажуваат колку таа им мисли добро на граѓаните и колку истата е влада за народот.

parkobrani (3)

Гочев потенцираше дека протестите денеска се одржуваат пред паркот кај хотелот Бристол заради уништувањето на истиот од страна на полицијата, додавајќи дека власта со тоа што насилно ги исфрли луѓето кои го бранеа овој парк им го скратува и правото на протест.

„Дојдовме да им дадеме поддршка, да им кажеме дека фронтот се шири, како и дека се повеќе граѓани ќе успеат да се соберат и да се изборат за своите права“, изјави тој.

parkobrani (2)

Успешноста на граѓанските иницијативи во Македонија можеме да ја забележиме со примерите како АМАН, протестите против Полициска бруталност како и протестот Заедно за мир, каде граѓаните покажаа свесност дека преку овој тип на ангажирање каде што не е важна идеологијата туку конкретните прашања и проблеми кои ги тангираат, тие можат да дојдат до гласност и да допрат до јавноста.

„Кога ќе се добие на масовност тогаш ќе имаме и конкретни резултати на институционален план“, порача Сарачини.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Градот Бристол го отстрани споменикот на трговецот со робови

А1он

Принцот Вилијам во прва официјална посета на Блиски Исток

Ана Ололовска

Член на обезбедувањето во израелската Амбасада во Аман отворил оган кон Јорданец

Ана Ололовска

Во јавниот простор се бие битката за општествени промени

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Нов спорт пред Бристол

Емир Латифовиќ

ФОТО: Садниците кои беа извадени од паркот кај Бристол повторно засадени

Емир Латифовиќ