Во првиот квартал од 2022 година, вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), достигнаа ниво од 168.858 милиони денари, што претставува квартален раст од 3.267 милиони денари.
Најголем дел од средствата на ОФИ им припаѓаат на пензиските фондови и на осигурителните друштва, со учество од 65,3% и 18,0%, соодветно.
Најзначајни инструменти на страната на средствата на ОФИ се вложувањата во должнички и сопственички хартии од вредност (учество од 49,1% и 25,8%, соодветно), како и вложувањата во валути и депозити (учество од 11,5%). Анализирано на страната на обврските на ОФИ, најголемиот дел се однесуваат на обврските врз основа на техничките резерви на осигурување и капиталните сметки (учество од 55,7% и 35,4%, соодветно).
Најновото соопштение за позначајните движења кај ОФИ е достапно на следната врска