Приведено лице од скопско за издржување казна затвор од една година

Од:

Вчера попладне, во 16.40 часот во село Крушопек, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 46-годишниот Р.Е. од село Крушопек, извести МВР.

– За него била распишана централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници